Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби имаше средба со новата амбасадорка на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, соопшти денеска неговиот кабинет.
Скрининг-процесот и патот на евроинтеграциите, реформите во земјата, уставните измени како и економскиот развој, беа теми на разговор меѓу Груби и Дрекслер.
Груби и посакува добредојде и успех во нејзиниот мандат, и оцени дека двете земји традиционално имаат пријателски односи и како резултат на меѓусебната соработка, Република Северна Македонија денеска ја гледа Сојузна Република Германија како стратешки партнер.
Амбасадорката Дрекслер истакна дека соработката меѓу двете земји таа треба да се продолжи уште поинтензивно во сите области од кои се од заемен интерес.
Двајцата соговорници разговараа за процесот на уставните измени и за обезбедување на поширока поддршка за продолжување на следната фаза од преговорите, при што Груби ја информира германската амбасадорка за заедничкиот проевропски фронт како и за иницијативата за почеток на уставните измени, с енаведува во соопштението од кабинетот на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.