135
Националната федерација на фармери денеска побара од Владата да донесе забрана за увоз на пченица за да може да се откупи домашното жито.
-Имаме проблем бидејќи имаме 10 илјади тони неоткупена пченица и бараме помош од министерството. Земјоделските производи не се скапи, на земјоделецот му се зема да не може да ги покрие трошоците, рече Мемет Синани, член на Управниот одбор на Националната федерација на фармери.
Тој појасни дека побарале уште од лани, откупот на пченица за стокови резерви да почне од денот кога почнува жетвата во Македонија и да се откупува од домашни производители.
-Ако е кај нас по 19 денари, имам информација дека се увезува пченица по 28 денари за државните стокови резерви, додаде Синани.