Мицкоски: Ние сме партија која е позната по градењето, македонски компании нека ги градат Коридорите

од Nikola Popovski
103 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска побара македонски градежни компании да ги градат Коридорите 8 и 10Д.

-Против сме да се гради овој голем проект без одобрение за градба. За да докажат дека се грижат за граѓаните, истите услови да им ги дадат на македонските компании. Нека ги соберат и нека кажат „еве дечки, еве го проектот сработете го вие“. Нека биде изграден од 100% македонски работници, кажа Мицкоски и потенцира дека не се против градење.

-Ние сме партија која е позната по градењето и реализација на проекти, не сме против реномирани компании, но сме за нашите македонски компании, одговори Мицкоски на новинарско прашање, при посетата на проект во општина Градско.