Кремљ синоќа соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин потпишал указ за воведување привремено управување со имотот на лица од непријателските земји како одговор на заплената или ограничувањето на правото на располагање со руски имот во странство.
Во преамбулата на декретот се вели дека се потребни „итни мерки“ како одговор на незаконските дејствија на САД и другите западни земји насочени кон лишување или ограничување на правата на сопственост на Руската Федерација, нејзините компании и граѓани, пренесува ТАСС.
Уредбата предвидува дека во случај на вакви непријателски дејствија, ќе се воведе привремена управа над имотот кој во Русија го поседуваат сопственици од непријателски земји.