203
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, гостуваше на РТС во емисија во која одговараше на прашања од политичкиот спектар, но наиде на критики од јавноста откако на интернет се појавија снимки од она што тој го кажува пред почетокот на емисијата.
Додик, во моментите пред да биде во етер, го навредуваше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговото семејство.
„Можам да ти кажам, овие Ѓоковиќ се тешки, во пи**у матер. Знаеш, луѓето тоа го доживуваат на емоии, но кога ќе влезеш во бизнис… Циганштана поприлична, можам да ти кажам“, рекол Додик во интервју со новинарот Градимир Папиќ пред почетокот на емисијата.