Познатиот холивудски актер, кој беше награден и со Оскар, Николас Кејџ зборуваше за тежок период во својот живот кога за да ги исплати огромните долгови во кои паднал, глумел во бројни нискобуџетни филмови.
Кејџ никогаш не бил поискрен за својот „мрачен“ период кога, како што вели, морал да прифаќа разни улоги за да ги врати долговите во кои паднал.
„Премногу вложив во недвижен имот. Пазарот на недвижности падна и не излегов на време. Сите ги вратив, но сепак должев околу 6 милиони долари. Никогаш не поднесов барање за стечај“, рече актерот.
Оскаровац истакна дека во тој период од животот преземал какви било улоги кои го издржувале и му помагале да ги исплати долговите.
„Работата отсекогаш била мојот ангел чувар. Можеби не вредеше злато, но сепак беше работа. Дури и филмот да испадне мизерен, знаат дека не го сфаќам тоа лесно, дека се трудам секој пат“, вели Кејџ, а потоа додава:
„Кога снимав четири филма годишно, еден по друг, морав да најдам нешто во нив што ме тера да дадам се од себе“, изјави актерот за GQ.