Дамева повеќе не е претседателка на Судскиот совет

од Nikola Popovski
192 прегледи

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, повеќе не е прв човек на институцијата, после „војната“ што цел ден се водеше на седницата. Таа е разрешена од функцијата после гласањето на членовите на Судскиот совет, иницирано од нејзиниот заменик Селим Адеми. Седум членови го поддржале заменикот.

Караниците кулминираа во моментот кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред.

Адеми закажа нова седница за утре во 11 часот. Претходно Адеми побара од Дамева сама да си поднесе оставка.

Дамева кажа дека проблемот не се односите, туку надворешни нарачки и желби за избор и (не)разрешување на судии.

На 5-ти декември 2022 година, Дамева стана претседателка на Судскиот совет. Таа е поранешен член на правната комисија на СДСМ, но вели никогаш не била член на партијата, а на колегите од Судски Совет им порача дека за две години ќе бидат горди со нејзиниот избор. Дамева дојде на местото на Павлина Црвенковска, која си поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради како што писмено наведе, судската бизнис елита.

Слични содржини