Украинска армија: Русите ги интензивираат нападите на позициите во Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
139 прегледи

Руските сили напредуваат кон Бахмут, повеќемесечната фокусна точка на нивниот обид за заземање на индустрискиот регион Донбас во источна Украина, а шефот на руската платеничка група „Вагнер“ рече дека украинските трупи пристигнуваат во пресрет на „неизбежната“ контраофанзива.

Генералштабот на украинските вооружени сили во извештај на Фејсбук соопшти дека борбите го зафатиле Бахмут и околните области. Во него се наведува дека руските сили не успеале да напредуваат кон две села на северозапад. Најмалку десетина локалитети беа под руски оган.

Покрај тоа, Серхи Черевати, портпарол на украинската војска на истокот на земјата, во средата изјави за националната телевизија дека руските сили извршиле 324 напади користејќи артилерија и повеќе ракетни фрлачи во изминатите 24 часа.

„Русите уништуваат згради во Бахмут за да ги спречат нашите војници да ги користат како утврдувања“, рече Череватиј.

Череватиј во вторникот соопшти дека е забележан рекорден број напади на делот од фронтот северно од Бахмут, во близина на градот Купјанск, во североисточна Украина.

Гувернерот на јужниот украински регион Миколаев изјави дека руски проектили погодиле станбена зграда и приватна куќа во истоимениот град.

„Едно лице загина, а 15 се повредени“, напиша Виталиј Ким ба апликацијата за пораки Телеграм.

„Ројтерс“ не беше во можност да ги потврди извештаите од бојното поле.

Слични содржини