Членови на „Златна зора“ прекинаа изложба на македонски уметник во Солун (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
294 прегледи

Членови и симптизери на десноекстремната грчка партија Златна зора, вчера во Солун упаднаа и ја прекинаа изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски.

Како што објави грчката телевизија ЕРТ, повеќе маскирани лица со фантомки на главата, влегле во галеријата Ремецо, го натерале сликарот да ги тргне уметничките и му рекле дека не смее да ги презентира.

Маскираните потоа со лента го „запечатиле“ просторот пред влезот на галеријата и залепиле налепници со симболот на „Златна зора“.

Засега нема информации дали има уапсени лица.

Во присуство на голем број посетители, во петокот на 25 април во Солун беше отворена самостојната изложба на Андреевски под наслов „Неизложени дела на хартија“.

Изложбата ја отвори генералниот конзул на Македонија во Солун, Дејан Ѓучиќ.

Слични содржини