Функционер на Советот на Европа: Процесот на прием на Косово може да потрае и до две години

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Заменик генералниот секретар на Советот на Европа, Бјорн Берге, денеска изјави дека, по одлуката на Комитетот на министри на Советот на Европа да го проследи барањето на Косово за членство во Парламентарното собрание за мислење, процедурата за прием во таа организација може да трае и до две години.

Берге за португалската агенција „Луса“ нагласи дека по одлуката во понеделник мора да има мислење на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во процес кој може да потрае и до две години, објави „Репортери“.

На прашањето дали има волја во Советот на Европа да се добие нова членка, Берге нагласи дека организацијата „во принцип е отворена за сите европски земји“.

Слични содржини