Два хеликоптера на американската армија се судрија и се урнаа денеска на Алјаска додека се враќаа од тренинг лет.
Тројца војници загинаа, а еден бил повреден.
Двајца војници загинале на местото на несреќата, во близина на Хили, а третиот починал на пат кон болницата во Фербенкс, соопшти војската.
The Department of Defense has announced that 3 Pilots were Killed and 1 Injured from the Crash of 2 AH-64 Apache Attack Helicopters in Alaska today; the Helicopters were a part of the U.S. Army’s 1st Attack Reconnaissance Battalion, 25th Aviation Regiment at Fort Wainwright. pic.twitter.com/yu0hiKlX6J
— OSINTdefender (@sentdefender) April 28, 2023
Четвртиот војник е во болница поради повреди.
Имињата на загинатите не се објавени додека најблиските не бидат известени, соопшти војската.
Секој хеликоптер АХ-64 Апачи превезувал две лица во моментот на падот. Хеликоптерите беа од првиот јуришен баталјон, 25. авијациски полк во Форт Вејнрајт, со седиште во близина на Фербенкс.