453
Руската православна црква (РПЦ) објави вест за остварен телефонски разговор помеѓу рускиот патријарх Кирил и архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, кој се случил во текот на вчерашниот ден.
Во информацијата не се наведуваат детали за што е разговарано, но пишува дека двајцата поглавари разговарале за теми од взаемен интерес за состојбите во православниот свет.
-Поглаварите на двете Цркви си разменија честитки за празникот Света Пасха. За време на братскиот разговор, кој се одвиваше во топла атмосфера на братска љубов и меѓусебно разбирање, се разговараше за состојбите во православниот свет и за други теми од заемен интерес, стои во соопштението, објавено од РПЦ.
Од МПЦ не ја информираа јавноста за разговорот.