Драма во Њујорк: Кондуктер искочил од воз и спасил момче кое било на шините (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Железничкиот кондуктер Маркус Хигинс во Њујорк, откако скокнал од возот, успеал да фати и спаси тригодишно момче, кое се нашло во близина на наелектризирана шина, соопшти локалната транспортна управа.

Вилијам Кенеди, кој го возел возот на 6 април, се вели дека прво го забележал момчето на железничката пруга во близина на Теритаун, северно од Њујорк, и испратил итна радио порака.

„Има дете северно од вас“, се слуша како некој вели на видеото додека се обраќа на екипажот на возот.

Покрај тоа, на видеото се гледа како возот се движи бавно додека екипажот не го забележи детето. Во тој момент, помошникот-кондуктор Маркус Хигинс скокнал од возот, го грабнал момчето од третата шина и го однел на безбедно.

Во меѓувреме, двајца други работници во железницата ги забележале мајката и сестрата на детето, кои плачеле на аголот од улицата.

„Во моментот кога ќе видите дете во ваква ситуација, вашиот прв инстинкт е да се уверите дека е безбедно и мило ми е што нашата екипа беше таму и можеше да помогне“, рече тој.

Откако Хигинс го спасил малото дете, семејството повторно се соединило на станицата Теритаун, а на видеото се гледа како мајката го гушка детето. Мајката на момчето им се заблагодарила на железничарите и им кажала дека нејзиниот син има аутизам и тешко зборува.

Слични содржини