291
„Во Скопје мора да носат сложени одлуки блиску до катарза, ситуацијата е комплицирана, не можеме да не реагираме на ситуации кои се поврзани со проблеми за правата на граѓаните кои имаат бугарска самосвест во С.Македонија, манифестации на отворена агресија, пукотници и подметнување пожари“.
Ова во „Панорама“ на БНТ го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во врска со односите на Бугарија со Северна Македонија и истакна дека важен приоритет за земјата е членството на РСМ во Европската Унија.
„Повлекување од правата на Бугарите, од борба против јазикот на омразата, дискриминацијата не е можно, бидејќи тоа е повлекување од принципите и вредностите“, истакна Милков.