Украинскиот воен разузнавач Андриј Јусов денеска изјави дека денеска во пристаништето Севастопол на Крим се уништени повеќе од 10 резервоари со нафта со капацитет од околу 40.000 тони.
Јусов не тврдеше дека Украина е одговорна за денешната експлозија во Севастопол, објави РБЦ Украина.
Тој ја нарече експлозијата „божја казна за рускиот напад врз украинскиот град во петокот“.