Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски упати честитка до сите граѓани по повод 1 Мај – Меѓународен ден на трудот, со желби за добро здравје, среќа, успех, посветеност и истрајност во работата.
“Сите ние сме работници, имаме обврска и должност да се залагаме, да ги штитиме правата и интересите на сите граѓани кои вложуваат труд и го движат општеството напред кон повисоки цели и достигнувања. Историските и револуционерни промени за кои едни од најзаслужните во минатото биле токму работниците, не потсетуваат и не учат да бидеме сплотени и единствени во секојдневната борба за подобар и поквалитетен живот. Само така може да градиме посветла и посреќна иднина за сите генерации. Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот.” истакна Димитриевски.