Малку поинаков 1.мај: Како да подготвите зеленчук на скара?

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Печењето на скара не мора да значи прејадување, нездрава храна и многу калории. Скара може да биде вкусен и здрав оброк. Додека повеќето луѓе кога мислат на скара помислуваат на вкусни ќебапи и ражничи, ние предлагаме зеленчук. Вкусен е, нискокалоричен и не одзема многу време за подготовка.

Зеленчукот пред печење премачкајте го со маслиново масло и малку сол и бибер, а по печењето посипете го со сечкан босилек, магдонос, оригано или рузмарин. Подолу се дадени совети како најдобро да ги подготвите најпознатите видови зеленчук.

Домати и пиперки

Доматите се подготвуваат исклучително брзо. Една од неговите најважни состојки е ликопенот, кој добро поднесува термичка обработка, па ќе остане и по печењето. Ликопенот е неопходен за нашето тело, бидејќи не штити од болести на срцето и циркулаторниот систем. Доматот исечете го на половина или подебели кришки и печете го до три минути.

Може да ја преполовите пиперката по должина и да ја печете по пет минути од секоја страна. Ако сакате да бидете покреативни, ставете ги парчињата пиперка на стапче за ражен и печете на скара од секоја страна по три до пет минути. Пиперките имаат многу витамин Ц, што е важно затоа што ја зголемува отпорноста на организмот на вирусни и бактериски инфекции, вклучувајќи ги и алергиите.

Иако витаминот Ц не се подложува на термичка обработка, по кратко печење, одредена количина сепак ќе се задржи.

Печурки на скара

Иако печурките не спаѓаат во групата на зеленчук, тие имаат одличен вкус кога се печат на скара. Исечете го стеблото и ставете го капачето директно на скарата, а потоа печете на скара од осум до десет минути од секоја страна. Печурките се нискокалорична храна и содржат многу витамини од групата Б и протеини. Витаминот Б е неопходен за нормално функционирање на телото.

Тиквички

Тиквичките пресечете ги на половина и секоја половина печете ја од двете страни по пет минути. Можете да ставите поголеми парчиња на стапче за ражен или да ги исечете на прстени. Тиквичките содржат многу калиум, што значително влијае на работата на срцевиот мускул и на ексцитабилноста на целиот мускулен и нервен систем.

Модар патлиџан

Модриот патлиџан се сече на половина и секоја половина се пече од двете страни по пет минути. Има исклучително малку калории и висока содржина на растителни влакна, па го олеснува варењето и го чисти организмот. За да не биде горчлив патлиџанот, посолете го пред печењето на скара и оставете го да отстои 30 минути. Солта ќе ја извади горчината.

Слични содржини