Загина маж по судар на воз и автомобил во Прилеп

од Radmila Tasevska
344 прегледи

Утрово во сообраќајна несреќа што се случила во Прилеп загина Крушевчанец на возраст од 76 години.

Несреќата се случила околу 4 часот кога воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје удрил во автомобилот со кој управувал крушевчанецот.

– На 01.05.2023 околу 04,00 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на ул. Трајко Николоски со ул. Леце Котески во Прилеп, во близина на железничката станица – Прилеп удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп, соопшти МВР.

Синоќа околу 21 часот во друга сообраќајка загина дваесет и петгодишно момче од село Карбинци.

Слични содржини