СДСМ: Издишува хајката што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против изградбата на Коридорите 8 и 10Д

од Nikola Popovski
190 прегледи

СДСМ утрово преку соопштение предупреди дека ВМРО-ДПМНЕ постојано пласира нови лажни вести во врска со изградбата на Коридорите 8 и 10Д и Договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.

„Издишува хајката што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10 Д.

Со истиот посебен закон и со истиот договор конзорциумот Бехтел и Енка гради и во Србија, каде што веќе е пуштен во во употреба дел од автопатот на Моравскиот коридор.

Исто како што лажеше за Европскиот предлог, исто како што лажеше за енергетскиот сектор и справувањето со економската криза, така денес ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и за коридорите 8 и 10Д.

Лагите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не можат да ја запрат изградбата, ВМРО-ДПМНЕ не може ништо да промени, но може да донесе штета и со своите блокади да го продолжува рокот за завршување на изградба на коридорите, повторно штета на граѓаните и на државата“, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.

ВМРО-ДПМНЕ вчера информира дека има план како да спречи да се плаќаат пенали за Договорот.

-Првата, е да се раскине договорот, пред судот во Париз да се изгуби по прифатените закони на Англија и Велс. Тоа ќе чини стотици милиони евра штета, но без квадрат поставен асфалт!

Втората, да се зачува суверенитетот, да се зачува Уставот и законите и автопатот да се заврши во рамки на македонските закони и македонските процедури! Така би се продолжило времето на изградба, но и сумата, заради катастрофалниот договор и обврските преземени од крими владата на ДУИ и помалиот партнер СДС, истакнаа од најголемата опозициска партија.

Слични содржини