215
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, во пресрет на новата рунда од дијалогот во Брисел, дека таму ќе биде тешко и дека „сите големи луѓе на Западот“ се против Србија, но дека „правото и правдата се на наша страна и нема предавање“.
Во видео-пораката објавена на Инстаграм, претседателот истакна дека „веќе неколку дена, особено вчера и денеска, Албин Курти води брутална и валкана кампања против Србија, и тој и сите негови помагачи“.