Украински земјоделец со блиндиран трактор против мини

од Vladimir Zorba
520 прегледи

Украински земјоделец смислил оригинален начин да ги отстрани мините оставени на неговите ниви опремувајќи го својот трактор со заштитни плочи земени од уништените руски тенкови и систем за далечинско управување, пренесе агенцијата Ројтерс.

Откако руските сили беа истиснати од делови на источна Украина минатата година, многу полиња останаа со нагазни мини и противтенковски мини, спречувајќи многу земјоделци да почнат да садат земјоделски култури.

Нивите околу селото Храково не се исклучок, поради што Олександр Кривцов, генерален директор на локална земјоделска компанија, одлучи да не чека помош од презафатените украински деминери за да ја расчисти својата нива.

Наместо тоа, тој дизајнираше оклопен трактор со далечински управувач кој може да издржи детонации од мини.

„Ова почнавме да го правиме само затоа што е време за сеење и не можеме ништо без службите за спасување и деминирање, кои се многу зафатени. Детониравме противтенковска мина. Заштитата е оштетена, но тракторот останал неоштетен. Сите се живи и безбедни“, изјави Кривцов за Ројтерс.

Слични содржини