Се разгледува опцијата за повторно воведување на евтина тарифа за струја преку ден

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика ја разгледува опцијата цената на струјата во одреден период во денот да биде значително пониска од цената која се плаќа во првиот тарифен блок, односно од 7,41 денар за киловат час.

-Постојат сериозни шанси да се воведе пониска одредена цена во текот на денот. Таа цена ќе видиме на кој начин ќе биде определена. Ќе има период сигурно кога ќе има пониска цена на струја да речеме од онаа во првиот блок, значително пониска. Се прават анализи и во наредните две до три недели ќе имаме и конечен став, изјави за Телма, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Берзанските податоци за струјата се многу пооптимистички во однос на она што се случувало овој период минатата година.

Од РКЕ велат дека за прв пат по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цена на електричната енергија.

-Има податоци од Хупекс имаме прв пат пад во дневните часови негативна цена веќе на најгоемата референта берза и за нас. Имаше негативна цена и одиме во насока да ипсратиме сигнал до ЕСМ како компанија која обезбедува струја за Универзалниот снабдувач, во период во ниска цена за да ги заштитиме домашните ресурси јаглен вода, многу е поисплатливо да обезбедиме струја од пазарот, не мора да е од увоз може да е од домашните фотоволтаици, изјави Бислимовски.

Дневната евтина тарифа за домаќинствата поради енергетската криза и растот на цената на берзите беше укината и од јануари 2022 година граѓаните не можеа да ја користат, но исто така се зголеми и цената на електричната енергија.

Слични содржини