Познат актер негира дека е во врска со Ана Винтур, но пријателите го тврдат спротивното

од Stefanija Kuzmanovska
402 прегледи

Откако пристигнаа заедно, рака под рака, на овогодинешната Мет Гала имаше и медиумски написи за љубовната врска помеѓу Ана Винтур и Бил Наји, но британскиот актер сега ги негира тие наводи.

Тие се во врска – не се во врска – во врска се – не се… Така можете да ја опишете топката со информации откако заедно се појавија уредничката на „Вог“, Ана Винтур и британскиот актер Бил Наји на овогодинешната Мет Гала. Нивното заедничко пристигнување, при кое Ана го држи Наји под рака, според многумина беше потврда на долгогодишните гласини за нивната врска, но актерот сега тоа го демантира.

Двојката пристигна во Метрополитен музејот на уметноста заедно, а Ана Винтур, облечена во Шанел за да му оддаде почит на нејзиниот покоен пријател Карл Лагерфелд, не се срамеше да му шепоти на уво на Наји пред фотографите, а потоа заедно позираа.

Но, на крајот, портпаролот на британскиот актер ги демантираше информациите за нивната врска и изјави за Page Six: „Бил и Ана се само многу добри пријатели веќе две децении. Тие не се во никаква врска“.

Портпаролот на Ана Винтур не сакаше да коментира на оваа тема, но извор близок до парот рече: „Мислиме дека синоќешното појавување кажа се“.

На Мет Гала двојката беше неразделна, а Ана Винтур не можеше да ја тргне насмевката од лицето во негово друштво. Многумина тврдеа дека никогаш не ја виделе толку расположена.

Слични содржини