Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, изрази сочувство до Србија за трагедијата во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, откако денеска еден ученик уби осум ученици и чувар, а повреди уште шест ученици и наставничка.
„Од името на Владата и од мое лично име изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, напиша Ковачевски на Твитер.
„Нашите мисли се со српскиот народ и семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување“, додаде Ковачевски.