Се огласија сирените за воздушен напад ширум Украина

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Сирените за воздушен напад рано утринава се огласија ширум Украина поради новите руски напади, а градската управа на Киев објави дека се уништени сите ракети и беспилотни летала кои ја таргетирале украинската престолнина.

Локалните медиуми јавија дека во раните утрински часови во Киев се слушнале две експлозии.

„Уште еден воздушен напад врз Киев. За главниот град тоа е веќе трет напад за четири дена во мај. Нашиот град не почувствувал толку интензивни напади од почетокот на годината“, соопштија властите во Киев.

Украинската воздушна одбрана соопшти дека соборила 18 од вкупно 24 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта во нов напад врз Украина, пренесува „Ројтерс“.

Од 15-те беспилотни летала кои беа истрелани во Одеса, украинските сили уништија 12, додека три го погодија универзитетскиот комплекс, а нема жртви, пренесува Танјуг.

Слични содржини