414
Состојки:
– 250 мл млеко
– 2 лажички органски мед
– 4 лажици овесни снегулки
– грст малини
– 1 банана
Подготовка:
Загрејте го млекото со постојано мешање. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и додадете 2 лажички мед кој треба полека да се стопи.
Кога медот ќе се растопи додадете 4 лажици овесни снегулки, а штом ќе омекнат додадете испасирани банани и малини.
Гответе сè заедно уште 2-3 минути.