184
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го посети Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, кој во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради сомневање дека е одговорен за депортација на деца од Украина.
Зеленски беше пречекан од претседателот на судот Пјотр Хофмански, пренесува „Ројтерс“.
Тој се сретна со холандските пратеници, а подоцна ќе има средби и со холандскиот премиер Марк Руте и со белгискиот премиер Александре де Кро.