Шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди дека на глобалната економија и се заканува распаѓање во завојувани блокови.
Таа во говорот во Брисел, наречен „Обединети против поделениот свет“, изјави дека светот се наоѓа во опасен историски момент, пишува во соопштението на ММФ, цитирано од Танјуг.
„По децении глобална интеграција, постои се поголем ризик светот да се подели на завојувани економски блокови. Ова сценарио ќе биде штетно за сите, вклучително и за населението во Европа“, рече таа.
Опасноста е особено изразена поради фактот што овој период на глобален економски раст е „под историските стандарди“, додаде Георгиева.
ММФ прогнозира дека нивото на глобален економски раст во следните пет години ќе биде околу три проценти, предупреди првиот човек на ММФ.