Само седум лица пријавиле корупција во 2022 година, вели Аврамовска-Мадиќ

од Nikola Popovski
241 прегледи

Само седум лица пријавиле корупција во 2022 година, информира синоќа заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ.

Заменичката синоќа во емисијата „Клик плус“ посочи дека во законот за укажувачи постои дека секој орган има овластено лице на кое што можеш да пријавиш корупција како укажувач.

-Во Министерството за правда ги побарав денеска двата извештаи, прв полугодишен и втор полугодишен. Во првиот вика дека пријавиле корупција само 5 лица-укажувачи и тоа не се за Министерството за правда, туку за Обвинителство, Трудов инспекторат и други органи, од кои тројца се анонимни, а има заштита на укажувачи. Во вториот пријавиле двајца, од кои едното е за корупција за Образование, а другиот укажал дека во Управата за матични книги не можел да заврши работа, Како да ја поттикнеме јавната свест кај граѓаните за да пријават и по допрен глас органите за да реагираат?, рече Аврамовска-Мадиќ.

Слични содржини