Шефот на Вагнер објави видео со тела на платеници, ги нападна руските функционери

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Шефот на платеничката група „Вагнер“ објави видео полно со навреди и осуди во кое, според Си-Ен-Ен, тој ги напаѓа руските функционери.

Евгениј Пригожин стои до наводните тела на неговите платеници и го напаѓа Кремљ: „Овие момци овде се вагнеровци кои загинаа денес. Крвта е сè уште свежа. Снимете ги сите!“.

„Тоа се нечии татковци и нечии синови. А вие што не ни давате муниција ќе горите во пеколот! Седите во вашите луксузни клубови, вашите деца се зависни од правење видеа за YouTube. Мислите дека сте господари на овој живот? Мислите дека можете да располагате со нивните животи? Ако имате магацини полни со муниција, тогаш можете“, вели Пригожин во видеото.

Во видеото тој бара да му биде доставена муниција и ги повикува рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов да ги погледнат телата.

Слични содржини