Најмладата жртва на убецот од Младеновац била родена во 2008 година

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Од осумте повредени во престрелката кај Младеновац, кои се сместени во Ургентниот центар, две лица се во тешка состојба со прострелни рани во пределот на стомакот, јавува репортерот на „Танјуг“.

Кај еден од осумте повредени немало оштетување на внатрешните органи, додека двајцата тешко повредени се примени во болницата „Драгиша Мишовиќ“ каде отсега ќе се превезуваат пациентите ранети кај Младеновац.

Во болницата во Смедерево се префрлени 10 повредени, од кои четворица пристигнале без знаци на живот, од кои најмладиот е роден во 2008 година, јавува репортерот на „Танјуг“.

Слични содржини