„Кога цела братска Србија страда, Русија ја споделува тагата“: Путин упати сочувство до српскиот народ

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Карченко, упати порака со сочувство во име на рускиот претседател Владимир Путин до граѓаните на Србија и семејствата на загинатите.

„Страшните трагедии што ја снајдоа Србија ги исполнија срцата на братскиот руски народ со голема тага и болка. Во овие трагични денови Русија се моли за прерано починатите деца и возрасни. На повредените им посакуваме брзо закрепнување и сила на духот. Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, изрази сочувство до српскиот народ и семејствата на загинатите, а на ранетите им посака брзо закрепнување.

Кога цела братска Србија страда, Русија ја споделува нејзината тага. Поради трагичните настани во последните неколку дена, амбасадата на Руската Федерација во Република Србија и Руската куќа во Белград се овластени официјално да ја соопштат одлуката за одложување на концертите на руската пејачка Пелагеја, кои беа планирани за 9 и 10 мај во Белград и Нови Сад. Новите датуми за изведба ќе бидат објавени подоцна“, стои во соопштението.

Слични содржини