Кралот Чарлс попладнево стана седмиот монарх кој ја носел златната круна на Свети Едвард.
Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, ја стави круната на главата на Чарлс Трети, најзначајниот дел од церемонијата на крунисувањето, пишува Си-Ен-Ен.
Според тамошните локалните медиуми, низ целиот Лондон се слушаат ѕвона додека народот извикува „Боже, чувај го кралот“.
The Archbishop of Canterbury crowns King Charles III.
Cries of God Save The King fill Westminster Abbey.#Coronation pic.twitter.com/MjCZbE7l3T
— Royal Central (@RoyalCentral) May 6, 2023
Претходно, со рацете на Библија, новиот крал положи заклетва, ветувајќи дека за време на неговото владеење ќе ги почитува законите и англиската црква и дека ќе биде „лојален протестант“.
Чарлс на тронот ја наследи својата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина минатата година.
Во исто време, сопругата на Чарлс, Камила, повеќе нема да ја носи титулата кралица сопруга, туку само кралица.
За разлика од крунисувањето на Елизабета во 1953 година, кога имаше околу 8.000 гости, оваа церемонија беше нешто поскромна. Во Вестминстерската опатија имаше околу 2.000 гости, меѓу кои државници, претставници на верски заедници, актери, пејачи и други познати личности, како и Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател Џозеф Бајден и Олена Зеленски, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.