324
Пред Собранието на Србија во Белград започна протестниот собир „Србија против насилството“.
Стотици граѓани се собраа на покана на неколку парламентарни опозициски партии, испратени по двете големи трагедии во кои во масовните престрелки во таа земја загинаа 17 лица, главно млади луѓе.
Се бара да се донесат низа мерки за запирање на промовирањето насилство во јавниот простор, како и разрешување на функционери.