242
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска им го честиташе Денот на победата на граѓаните на Русија, нагласувајќи дека цивилизацијата повторно е на пресврт.
„Денес цивилизацијата е повторно на пресврт, повторно започна вистинска војна против нашата татковина. Но, ние се спротивставивме на меѓународниот тероризам, ќе ги заштитиме жителите на Донбас, ќе ја обезбедиме нашата безбедност“, рече Путин на воената парада по повод Денот на победата, одржан на Црвениот плоштад.
Според Путин, нема непријателски нации за Русија, ниту на Запад ниту на Исток.