Без камери на седницата на Судскиот совет, новинарите останаа внатре

од Nikola Popovski
212 прегледи

На денешната прва на седница на Судскиот совет со новиот претседател Сашко Георгиев, беше побарано од камерманите да ги исклучат камерите и да ја напуштат седницата.

Георгиев на почетокот на седницата кажа дека поради условите во салата, одлучено е внатре да бидат само новинарите.

-Тоа е едногласна одлука од страна на колегиумот што го имавме. Јавноста останува да биде присутна, а камерите доволно е да бидат присутни само мал дел, а потоа нема потреба. Вие сте присутни. Условите ни се такви дека тоа е најцелисходно, не е тоа нетранспарентно, но е потребно за условите за работа, рече Георгиев на почетокот на седницата.

Пред пет дена, Судскиот совет со осум гласа „за” и четири „против” го избра судијата Георгиев за нов претседател.

Седницата ја водеше заменикот Селим Адеми, кој пред гласањето посочи дека претседателот на Судски совет се избира со осум гласа од членовите со право на глас.

На седницата не присуствуваше претходната претседателка на советот Весна Дамева.

Слични содржини