Граѓаните на Србија за еден ден предадоа 1 500 парчиња оружје. Повеќе од половината од предаденото оружје на првиот ден од кампањата што беше покрената во Србија по двете масовни злосторства минатата недела во училиште во Белград и во околината на Младеновац е оружје што е во легална сопственост, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање криминал при МВР.
Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, 13 – годишник уби осум деца и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник.
Еден ден ово две села кај Младеновац, од страна на вооружен 21-годишен момче беа убиени осум лица и уште 14 ранети.
По тие трагедии, државата најави дека ќе ги заостри казните за недозволено поседување оружје и даде можност во рок од еден месец да се предаде анонимно и без правни последици.
Бојана Отовиќ Пјановиќ рече дека во текот на првиот ден од кампањата за легализација, на 8 мај, од 7 до 19 часот, граѓаните предале околу 1.500 парчиња оружје, 50.000 парчиња муниција и околу 100 мини-експлозивни направи.