385
Верувам дека најправилното место за споделување на нашите идеи и намери е собраниската трибина. Во нашиот мандат, кандидат за премиер ќе биде Еврокомесарката Марија Габриел.
Ова го соопшти лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов од собраниската говорница, пренесе БГНЕС.
„Она што и е дадено на Бугарија и на бугарската еврокомесарка Марија Габриел се портфолија за иновации, истражување, култура и млади. Како актуелна Еврокомесарка, таа мора да помине низ законски процедури, па нашите контакт групи ќе ве контактираат и таа преку нив ќе има разговори со вас“, рече уште Борисов.