Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска порача дека уште чека реакција од Канцеларијата на ЕУ во Скопје и од странските амбасадори во однос на стигнатите предлог-закони во Собранието со европско знаменце за Договорот со „Бехтел и Енка“.
-Очигледно дека тие се злоупотребени во овој процес или јас барем така сакам да верувам. Доколку остане тишина и без реакција, тогаш основано можеме да се сомневаме дека станува збор за нешто друго. Ние како политичка партија силно ќе се спротивставиме, рече Мицкоски од општина Велес.
Тој потенцира дека силни аргументи ќе истакнат во Парламентот на дебатата за предлог-законите.
-Наше е да ги предупредиме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да се бориме против цела Европа и Европска комисија. Треба да направиме се што е во наша моќ за да укажеме на кршењето на законите и со јасни факти на криминалниот карактер на тендерот за деловите од Коридорите 8 и 10Д, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.