Мачка со години крадела работи од соседите и ги носела дома, сопственикот ги враќа преку ФБ

Домашната мачка Хари и направи проблеми на сопственичката носејќи и „подароци“ на врата.

од desk4
313 прегледи

Мачорот Хари, кој со години краде облека и храна од соседството, ја доведе својата сопственичка од Велика Британија во непријатна ситуација, па таа сега преку Фејсбук им ги враќа работите на нивните вистински сопственици.

 

Палавиот Хари во изминатите четири години редовно носел дома разни украдени предмети, како долна облека, пакувања со колбаси, па дури и скапи дизајнерски чевли, пишува Би-би-си. Само минатата недела тој украл шест предмети од сосед во општината Дарли, Дерби. Неговата сопственичка, Дона Хиберт, верува дека Хари мисли дека сите донесени предмети се всушност подароци за неа.

 

„Мислам дека мачките сакаат да им носат поклони на своите сопственици. Најчесто носат предмети, поретко птици и глувци, за што сум благодарна“, рече Хиберт. Мачорот има донесено ствари вредни дури 300 фунти.

 

„Ми донесе и црвен чевел, дизајнерски и прилично скап“, раскажува таа. „Ни спортските градници не се ефтини, а пред некој ден донесе нечиј паричник, но беше празен“.

 

Ако добие шанса, Хари ја користи. Братот на Хари, Луни, исто така носи дома разни предмети, но тие обично се ѓубре, како кеси за ужина или празни кутии цигари. Хиберт неодамна почна да објавува фотографии од украдените предмети на локалната Фејсбук страница „Spotted: Darley Abbey“, каде што луѓето рекламираат пронајдени и изгубени предмети.

Слични содржини