Албанка, Русинка и Белорусинка затекнати во угостителски објекти во тетовско, го злоупотребиле туристичкиот престој

од Nikola Popovski
218 прегледи

Во периодот од 23.35 часот на 10.05. до 01.35 часот на 11.05.2023, полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државен трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане.

Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А.А.(32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д.Р.(31) од Република Албанија и А.П.(38) од Белорусија, а во објекот во Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од Боговиње, 32-годишната К.В.С. од Русија.

Трите странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, по што се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

Слични содржини