Еден од противниците на Ердоган се повлече три дена пред изборите

од Nikola Popovski
239 прегледи

Мухарем Инџе, еден од четворицата кандидати на претседателските избори во Турција на 14 мај, објави дека ја повлекува својата кандидатура.

Инџе е шеф на партијата Мермлекет (Татковина), а анкетите на изборите му дадоа меѓу два и четири отсто од гласовите.

Неколку членови на неговата партија поднесоа оставки во последните денови, загрижени дека неговата кандидатура може да го спречи Кемал Киличдароглу, главниот опозициски кандидат, да го победи претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој е на власт 20 години.

Инџе ја оправда својата одлука, наведувајќи дека опозицискиот сојуз на чело со Киличдароглу ќе ја префрли целата вина на него доколку не го победи Ердоган.

Во летото 2018 година, Мухарем Инџе беше неуспешен кандидат на Републиканската народна партија (ЦХП-социјалдемократи) на претседателските избори – тој беше поразен од Ердоган во првиот круг.

Инге основаше своја националистичка лаичка партија во мај 2021 година.

Кемал Киличдароглу, лидер на ЦХП и кандидат на сојузот што обединува шест опозициски партии, е во добра позиција во споредба со Ердоган, кој се соочува со обединета опозиција за прв пат по дваесет години.