Претседателката на работната група која треба да ги подготви амандманите за уставните измени, Маргарита Цаца Николовска денеска информираше дека на втората работна средба бил разгледуван Деловникот и наредниот петок ќе го гласаат истиот.
Поранешната судијка во Судот во Стразбур не сака шпекулира со време дали до крајот на месецот може да биде познат текстот на уставните амандмани.
-Групата е од 23 членови и секој ќе сака нешто да каже. Сето треба да се разгледува и сумира и во зависност од тоа ќе оди и драфтирање на предлог-амандманите. Ние имаме мандат кој што е резултат на она што се случуваше во Собрание преку заклучоци, се она што се случуваше на Влада преку заклучоци. Секој од нас доби решение за член и во тоа решение произлегува нашиот мандат за драфтирање на нацрт-предлогот, рече Николовска.
Во однос на платите и примањата на експертите во работната група, претседателката обелодени дека ништо не се дискутирало, ниту дека некој досега земал пари.
-Ништо во однос на пари, ниту е платено. Мене ако ме прашате е на волонтерска основа, но како ќе биде понатаму, не можам да кажам, истакна Цаца Николовска.