Ковачевски: Кај мене на настава често се случува да не се користи мобилен телефон

од Nikola Popovski
290 прегледи

Јас сум на пример професор и кај мене на предавање многу често се случува да не може да се користи мобилен телефон и честопати студентите ги оставаат мобилните телефони настрана, додека траат предавањата, рече премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали носењето телефони ќе се регулира и во останатите училишта на територија на државата, како што тоа го веќе го направи едно основно училиште од Пехчево.

Што се однесува до можната регулација на користењето на апликации за време на настава или паузи во настава, премиерот вели дека живееме во време на интензивни комуникации, во време кога младите, но и повозрасните користат голем број социјални мрежи на кои споделуваат најразлични содржини.

-Пред нас претстои период на подготовка на регулативи и на регулација на користењето на социјалните мрежи, меѓутоа и на содржини кои се споделуваат на социјалните мрежи, кажа Ковачевски од Технолошко-индустриската развојна зона Штип, каде што присуствуваше на почетокот на градежните работи на инвестицискиот проект на компанијата „Магна Мехатроникс“.