Уапсена Сузан Сарандон

од Nikola Popovski
358 прегледи

Холивудската актерка Сузан Сарандон била приведена како една од актерките на протестот во државата Њујорк.

Протестот е организиран во знак на поддршка за работниците во рестораните, пренесува „People“.

Законодавците од државата Њујорк планираат да ја зголемат минималната плата на 17 долари на час, а работниците во рестораните кои што добиваат бакшиш, се исклучени од новиот закон.

Сузан, заедно со останатите, по целосното процесуирање на случајот е пуштена од притвор, но се појавија фотографии на кои полицајци ја однесоа со лисици.

Пред апсењето, актерката зборувала на собир каде истакнала дека овие работници се исклучително важни.

„Тие се многу, многу важни и треба да се третираат со достоинство, не само поради напорната работа што ја работат, туку и поради она што треба да го направат за да комуницираат, да разберат и да бидат трпеливи и сите работи што се дел од успешен бизнис“, рекла Сарандон.

Сепак, тоа не е единствениот протест на кој таа учествувала. Само неколку дена претходно, се приклучила на протестите на Здружението на писатели на Америка.

Сузан Сарандон е позната по тоа што никогаш не се двоумела јасно да го каже своето мислење во јавноста, па се најде во фокусот на вниманието на домашните медиуми откако му се извини на тенисерот Новак Ѓоковиќ за неоправданите критики кон него.

Слични содржини