Сузан Сарандон отпуштена од холивудска агенција поради антиеврејски коментар

од Vladimir Zorba

Познатата американска актерка Сузан Сарандон (77) е исфрлена од главната холивудска агенција „United Talent Agency“ (UTA), која ги застапува талентираните уметници и професионалци во областа на забавната индустрија, откако рече дека исплашените Евреи „сега почнуваат да разбираат како е да се биде муслиман во Америка“, објави Page Six.

Актерката го критикуваше Израел во последните неколку недели и сега е на удар поради нејзиниот последен испад по смртоносниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, објави порталот од Њујорк.

Изворите велат дека неколку членови на UTA биле крајно повредени од коментарите на Сарандон.

Слични содржини