Полицијата во Република Србија уапси 13 лица на подрачјето на Белград, Суботица и Зрењанин.Водачите на балканскиот картел се осомничени дека во последните години организирале шверц на повеќе од седум тони кокаин во Европа во последните години.
Во рамки на меѓународната акција „ЛЕСНО“, Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во соработка со Европол и Обвинителството за организиран криминал ги уапси и приведе водачите на балканскиот картел кој во последните години организираше шверц на дрога во Европа.
Началникот на Управата за криминалистичка полиција, Нинослав Чмолиќ, на вонредна медиумска конференција на МУП изјави дека најмалку седум тони кокаин, кои беа запленети во текот на 2020 година, се поврзани со членовите на балканскиот картел кои беа уапсени денеска.