Трамп поднесе жалба на пресудата за сексуално вознемирување на новинарка

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот ја обжали пресудата на њујоршката порота во граѓански случај, според која тој сексуално ја нападнал и наклеветил новинарката Е.Џин Керол.

Судските записи покажаа дека Трамп го известил Вториот американски окружен апелационен суд дека ја обжалува пресудата, како што претходно рече дека ќе стори неговиот адвокат Џозеф Такопина.

Во вторникот деветчлената порота на сојузниот суд на Менхетен на поранешната новинарка ѝ додели отштета од пет милиони долари.

Керол (79) за време на судењето сведочеше дека Трамп (76) ја силувал во стоковната куќа Бергдорф Гудман на Менхетен кон крајот на 1995 година или почетокот на 1996 година, а потоа ја нарушил нејзината репутација со тоа што во октомври 2022 година напишала на својата социјална мрежа дека нејзините тврдења се „целосна измама“ и „лага“.

Поротата го прогласи за виновен за сексуален напад и клевета, но не и за силување.

Трамп, фаворит за републиканската номинација за претседател на САД на изборите следната година, не присуствуваше на судењето и, меѓу другото, тврдеше дека Керол, поранешен колумнист на магазинот „Ел“ и регистриран член на Демократската партија , ги фабрикуваше наводите за зголемување на продажбата на нејзините мемоари од 2019 година и политички да му наштети.

Тој ја нарече пресудата и „срамота“ и дека „апсолутно нема поим која е таа жена“.

Слични содржини