Заев за Катимерини: Што и да се случи во С. Македонија во иднина, Уставот ќе биде почитуван

од Nikola Popovski
296 прегледи

„Иако се уште има десничарски партии кои не ја прифаќаат промената на името, таа е дел од нашиот Устав. Што и да се случи во Северна Македонија во иднина, Уставот мора да биде почитуван“ изјави поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за грчки „Катимерини“.

Тој додаде дека дури и опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски јавно изјави дека нема назад од Преспанскиот договор и дека тој ќе продолжи да важи и во иднина.

Експремиерот Заев додаде дека и грчката опозиција во времето кога се потпишуваше договорот, а сегашна власт нашла начини како да се продолжи соработката меѓу двете држави.

„Треба да се забележи дека по Преспанскиот договор ситуацијата во регионот се менува. Се позабележлива е соработката со повеќе од 2,5 милијарди евра инвестиции од Грција во Северна Македонија. Тоа е 25 отсто од нашиот БДП“, рече Заев.

Слични содржини