Познатиот актер Роберт де Ниро неодамна откри дека на 80 години го добил седмото дете.
Многумина беа изненадени од ова, а актерот призна дека го „планирале бебето“ и дека се пресреќни.
Сепак, сите се прашуваа која е мајката на неговото најмало дете, бидејќи актерот не зборуваше за љубовниот живот по разводот со сопругата Грејс Хајтауер, со која беше во брак 21 година.
Многумина претпоставуваа дека Де Ниро го добил детето со инструкторката за боречки вештини Тифани Чен, која ја запозна во 2015 година на снимањето на „Практикант“. Се шпекулираше дека таа е главната причина за неговиот развод, но тие не го коментираа тоа.
Robert De Niro and his partner Tiffany Chen welcomed Gia Virginia Chen-De Niro in early April — and now, she’s making her national TV debut on #CBSMornings. https://t.co/OJJxGcEKlU pic.twitter.com/opiFRpWkRs
— CBS Mornings (@CBSMornings) May 11, 2023
Пред неколку месеци парот беше фотографиран како излегува од ресторан насмеан, а на Тифани ѝ се познаваше стомакот, па многумина заклучија дека таа е мајка на детето кое актерот неодамна го доби.
Како што се испостави, тие беа во право.
Имено, Роберт де Ниро гостуваше во шоуто на CBS Morning и призна дека тој и Тифани добиле ќерка по име Џиа Вирџинија Чан де Ниро.
Актерот рекол и дека девојчето се родило во април, а во споменатата емисија била прикажана и фотографија од бебето.